Кратките крзнени капути и јакни го имаат главниот збор на листата со маст-хев парчиња за оваа зима, па погледнете ги најдобрите модели.
ZARA
Ако внимателно ги следите познатите трендсетерки за кои постојано ви пишуваме, односно нивните комбинации, тогаш веќе ви е јасно дека крзното е хит и оваа сезона. Па ако оваа есен беше во знакот на неодоливите бомбер јакни и популарната боја на вино, зимските месеци главниот збор ќе го имаат чизмите над колена, капутите со популарниот леопард дезен и крзното во боја . но не вистинското, секако!
MICHAEL MICHAEL KORS
Кратките крзнени капути и јакни веќе господарат на улиците што е сигурен показател дека ќе бидат еден од водечките трендови во студениот период што следува. Па, погледнете го изборот на нашите модни уредници!
види повеќе » |