Топ фризура со која ќе изгледате шик на новогодишната вечер
Претпоставуваме дека веќе сте го закажале својот термин кај фризер за 31 декември, а ако не сте – направете го тоа на време!
Секако, само под услов ако не сте сигурни како сами да ја направите вашата новогодишна фризура. Она што во моментот е во мода наменето е исклучиво зз свечени пригоди, како што е новогодишната ноќ. Во прашање е посебна и малку необична фризура која можете да ја направите и сами или едноставно да понесете фотографии на вашиот фризер.
Еве за што станува збор:
Ако за нешто пишуваме овие денови тоа се секако светките и тоа не треба да не чуди бидејќи тие се маст-хев кога станува збор за празничниот период! Секако дека можете да ги ставите и во вашата коса, а се што треба е најпрво да одлучите колку, каде точно и во која боја би сакале да ви бидат. Во тренд се долги прамени во боја на виножито (секако од светки, нели?) или пак плетенки зачинети со нив. Обидете се да ја вклопите вашата фризура со комбинацијата што ќе ја носите бидејќи фризурата ќе биде важен моден детаљ.
Па дури и кога косата е пуштена, со шљокици може да изгледа мошне кул. Погледнете ги овие неколку примери, а потоа и видеото во кое ќе видите како го прават тоа професионалците.
Светките лесно ќе ги пронајдете а потребно ви е да имате и лак за коса
{vimeo}194198674{/vimeo}