Прво го преплави Инстаграм а сега и познатите ИТ девојки постојано го носат. Дали станува збор за моден додаток на годината?
Па најверојатно да!
Но овој пат тоа не се некои високи потпетици или чанта, туку ремен. Да, новиот ремен од Gucci со копча со двојно G е новиот моден додаток со кој се опседнати сите. Минатиов период можевме да го видиме на многу блогови и Инстаграм, а потоа почнаа да го фураат и многу познати дами, најчесто носејќи го со едноставни памучни маици и фармерки. Погледнете како го носат девојките како Миранда Кер, Алекса Чанг, Роси Хантингтон Вјтли и Кејт Моса, па доколку ви се допаѓа и сметате дека неговата цена која се движи околу 500 долари е превисока , погледнете ги нашите предлози. Станува збор за ремени со поволна цена кои исто така добро ќе функционираат (освен секако ако не сте една од оние девојки кои без проблем би потрошиле 500 долари за облека, но не и да ги платат надојдените рати од кредитот ).
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
Gucci
Guess
Massimo Dutti
Mango
Bershka 599 MKD
Bershka 599 MKD
Mango
Mango