Колку и да ве нервираат, морате да признаете дека сестрите Кардашијан навистина успеаја својата линија да ја донесат со совршенство.
А факт е дека вишокот килограми никој не може да ви го тргне, па колку пари и да имате, освен ако самите не се препотите во фитнес центри или локалниот парк. Затоа кога е во прашање оваа тема, на овие риалити дами навистина треба да им симнуваме капа од нашите глави. Па, ако и вие мака мачите со вишокот килограми сигурни сме дека ќе ве интересираат фитнес советите на Кортни, Ким и Клои кои навистина делуваат и ги даваат саканите резултати.
Поставете си реални цели
Ова можеби е и најважната работа во целата приказна. Треба да бидете свесни за своите можности и можностите на вашето тело и да си поставете цел која реално е изводлива. Исто така целта не треба да биде и премногу лесна, ни премногу тешка, бидејќи со нејзиното брзо остварување многу брзо ќе се опуштите и ќе се вратите на старо. Кога ќе се помачите повеќе ќе го цените и времето и трудот кој сте ги потрошиле за постигање на целта.
https://www.instagram.com/p/BiadhhyFHvR/?taken-by=kimkardashian
Мерите се секоја вечер, а на намалувањето на бројките на вагата секако дела ќе ве мотивира да продолжите. Ким сакаше по бременоста да се реши од вишокот килограми, што значи 18 килограми и во тоа успеа. Своите резултати ги сподели на социјалните мрежи и така ги мотивираше самата себе на понатамошен труд.
Започнете го денот со протеински шејк
Кортни секое утро го започнува со протеински шејк кој го прави од банана, јаболко, немрсен јогурт, малку млеко, бадеми, цимет и мраз. Протеинските шејкови се најдобар начин да го започнете денот полни со енергија, а бидејќи намерниците од кои се прават се мерливи, можете дури и да ја прилагодите порциите на вашите потреби во моментот.
Јадете ист појадок 6 месеци, а потоа сменете со друг појадок
Можеби звучи чудно, но Кортни се колне во овој режим. А како експертите велат ова е одличен начин да го ограничите внесувањето на калориите бидејќи оваа рутина во исхраната не ви дава простор за мали гревови во вид на вишок калории.
Секако, потребно е мудро да го изберете појадокот, а најдобро е тој да биде богат со протеини – на пример омлет со зеленчук и сирење.
Ограничете го внесувањето на калории
Ким успеа да ја врати линијата во состојба од пред бременоста со простото ограничување на калориите на 1800 КЦЛ дневно. Не грижете се, ова не значи дека морате секојдневно да се замарате со пребројување и собирање на калориите пред секое јадење, но контролата на внесувањето на храната секако е пожелна. Тоа може да биде ограничување на одреден вид намерници и обем на порција според оброкот.
https://www.instagram.com/p/BikRsXHDGRk/?taken-by=kourtneykardash
Колку и да мислиме дека е тешко, мораме да си признаеме дека контролата на она што го јадеме со физичка активност е единствениот пат кон губење на килограмите.
Канализирајте ги негативните емоции на позитивен начин
Сите сме биле на тоа место како и Клои – јадеме од досада и депресија или за да ја „изедеме“ тагата. Клои откако раскина со Ламар беше на добар пат да качи незавидна број на вишок килограми, но благодарение на тренерот научи како негативните емоции како што се тагата, бесот, нервозата и лутината да ги канализира на позитивен начин низ физичка активност која што ја сака најмногу и на тој начин да го донесе телото до совршенство.