Реклама
Кафе муабет

Тајната на Свети Никола – еве зошто некои семејства го слават посно, а некои мрсат!

Реклама

Како објаснување зошто некои мрсат за Свети Никола влегува и легендата по која на некој човекот секоја година му умирало по едно дете …

Православните верници денес го слават Свети Никола, најголемата слава во Македонија. Многумина оваа слава ја слават посно, но помеѓу православните христијани не се ретки и примерите во кои семејствата за Свети Никола прават мрсна трпеза. Според црквата место за дилема нема – Свети Никола е посна слава! Таа се паѓа за време на божиќните пости, па воопшто нема дилема дали славата е посна или не. Од друга страна постојат некои слави кои се променливи, односно во зависност од денот на кој се паѓаат зависи дали ќе бидат посни (посни се ако се паѓаат во среда или петок!).

Маркетинг

Постојат неколку објаснувања зошто некои православни семејства мрсат на Свети Никола. Имено според верските аналитичари оваа традиција започнала веднаш по Втората светска војна и најмногу е присутна во Војводина. Имено, во времето кога славите не биле пожелни, семејствата се досетиле да се соберат, но намерно да послужат мрсни јадења како оние што ќе ги шпионираат не би можеле да докажат дека се собрале поради религиски причини. Секако дека по втората светска војна никој не одеше во затвор затоа што правеше слава (како што беше случајот на пример со политичките затвореници!), но затоа можеше да се изгуби добра работа или да ви оневозможат напредување во службата, па заради тоа многу семејства криеле дека ги почитуваат овие религиски обреди.

Маркетинг

Поради ова дури и некои свештеници почнале да ја прифаќаат мрзната трпеза за Свети Никола и да ги осветат на овие семејства славските колачи, иако знаат дека не постат. За разлика од ова, денес, во модерното време мрсната трпеза за Свети Никола се појави како последица дали се почитува Божиќниот пост или не. Многу семејства кои не постат 40 дена до Божиќ го обележуваат Свети Никола мрсно, освен ако не се паѓа во среда или петок. И тоа е последица од комунизмот кога се изгубил традиционалниот обичај на постите, а повторно се обнови со редовното одбележување на славите.

Меѓу објаснувањата зошто се мрси на Свети Никола влегува и легендата според која на некој човек секоја година му умирало по едно дете. Попот го прашал дали пости или мрси за Свети Никола, а тој му одговорил дека пости. Тогаш попот, според легендата, му дал одобрување да мрси на Свети Никола и од тогаш децата повеќе не му умирале.

Па, што мислите вие за мрсната трпеза на Свети Никола и дали ги почитувате обичаите во врска со оваа голема македонска слава?

Извор: Telegraf.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button