Еве што треба, но и што не смеете никако да го правите на Свети Никола
Еве што никако не смеете да правите на Свети Никола
На овој ден не треба да работите никакви домашни работи, не треба да чистите, усисувате, перете. Овој светец цел живот ги подучувал луѓето и им помагал на сиромасите, ги лекувал болните, а им бил заштитник на морнарите бидејќи својот имот го користел за откуп на заробениците. Според традицијата треба да се носат подароци за оние кои го слават празникот, а според некои обичаи на некои места и оние кои го слават Свети Никола своите гости не треба да ги пуштат со празни раце. Исто така постои верување дека на овој ден никого не треба да го потсетувате на неговиот долг и дополнително да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.
Но најважно од се е на денот на славата да не заборавите да одите во црква, да се причестите и да се исповедате, како во почетокот на годината ќе влезете со чиста душа,велат од црквата.
Посни рецепти за Свети Никола – некои нови, некои стари, но сите вкусни за богата трпеза >>
Суштината на славите треба да биде скромноста и затоа подароците не треба да бидат скапи, туку симболични, а ова се однесува и за расходите како и за сето она што ќе го принесете на славата. Токму поради овие причини, односно поради економска немоќ некои семејства се откажуваат од традицијата и не се во состојба да ја слават славата. Тие не можат на своите гости да им понудат обилна гозба што според црквата е потполно погрешно – славата треба да биде достоинствена и скромна, како што бил и самиот Свети Никола.
Најголемиот грев на посна слава – подобро е да не славите, отколку да го правите ова >>