Пет минути со Ивана Лисак, мејкап артистка за Ланком: „Ако немате многу време најдобро е да поработите на изгледот на кожата“
Регионална мејкап артистка за Lancôme
Ивана Лисак ја сретнавме на промоцијата на Lancôme која што ја организираше парфимеријата „Еликсир“ во Скопје (види тука). На наше огромно задоволство имавме можност да поразговаравме со оваа прекрасна дама за теми од светот на убавината, за нејзината професија, како и за брендот кој што го претставува. Како што и самата вели, Lancôme секогаш успева да извлече најголема доза на креативност од неа, а најголемата мотивација за нејзината работа се токму жените. „Секогаш во мислите ми е секојдневната жена која наутро се подготвува за денот којшто е пред неа и која со задоволство го прави тој мал ритуал на шминкање, а јас сум тука да ѝ го олеснам или забрзам тој процес. Ги обожавам оние мали љубовни приказни помеѓу жената и нејзината шминка и се чувствувам привилегирано кога сум дел од тој просец“, вели Ивана која е една од најдобрите и најпознатите мејкап артистки во регионот. Таа во 2011 година го освои второто место и сребрена четка на годишниот натпревар на мејкап артистите на Lancôme од целиот свет. Оваа престижна награда е само уште една потврда за нејзините способности и квалитети, а како врвен професионалец во светот на шминката Ивана е идеална гостинка и за нашата бјути рубрика во која ги споделува своите искуства и корисни совети кои ќе им помогнат на нашите дами да изгледаат и да се чувствуваат поубаво.
Новите нијанси на карминот L’absolu Rouge од Lancôme >>
Кои се твоите омилени производи од Ланком и кои нови производи од овој бренд би им препорачала на нашите читателки да ги пробаат?
Моите омилени производи се Génifique и Génifique Light-Pearl без кои не го започнувам мејк-апот, сите пудри се фантастични, како и маскарите. Од новитети секако би им препорачала на читателките да ги пробаат Teint Idole Ultra Cushion пудрата и Cushion Blush Subtil руменилото. И двата производа се “cushion” технологија, што значи течна текстура која е концентрирана во јастуче и е која е едноставна за нанесување. Grandiose Liner пак е совршен ајлајнер за сите, дури и за оние кои сеуште го совладуваат тушот за очи.
„Ако немате многу време или не сте се разбудиле најсвежи, најбитно е да поработите на изгледот на кожата.“ |
Кој е твојот омилен кармин и маскара? Какви бои на кармини се најмодерни оваа сезона?
Исклучително преферирам природен изглед на трепките па за таков изглед омилена маскара ми е Définicils, а додека пак сакате волумен, новата Grandiôse Extrême е фантастична маскара. L’Absolu rouge е совршен кармин кој доага во три ефекти: sheer( лесно пигментиран), крем ефект и мат ефект.
Покрај многуте прекрасни нијанси и ефекти, сигурно секој за себе ќе го најде совршениот кармин.
Како најбрзо и наједноставно да се нашминкаме кога немаме многу време за шминкање или кога не се чувствуваме баш најдобро, а сакаме да изгледаме убаво?
Ако немате многу време или не сте се разбудиле најсвежи, најбитно е да поработите на изгледот на кожата. Тоа не значи дека треба да земете најјака покривна мат пудра и да ”покриете” се со неа, туку напротив треба да се посвети внимание на концентрацијата на негата на кожата. По негата, лесното нанесување на пудра со хидратантен и лесен ефект (Teint Miracle или Cushion Miracle), нежно руменило, маскара на трепките, природно средени веѓи (Sourcils Styler) и кармин со кој се чувствувате добро е сигурна победа.
Кармин, маскара и туш за очи кои се хит на нашиот пазар >>
„Границите се малку изместени, се носи скоро се, но нај истакнати трендови за оваа сезона се: многу маскара, ајлајнер, мат кармини, сенки за очи во боја, светки на очите…“ |
Што подразбирате под основна шминка без која ниту една девојка не би требало да излегува од дома?
Во денешно време сме многу послободни кога станува збор за тоа што се се мора во споредба со генерациите на нашите мајки и баби. Ако сте се разбудиле и самите на себе сте си убави и сакате тоа да го покажете, сосема е нормално и да излезете од дома и без шминка. Основен мејк ап за мене значи оној кој ме прави убава и среќна, а тоа не се гледа како мејк ап туку како „nude” ефект.
Кои се најчестите грешки кои што ги прават дамите во поглед на шминката?
Жените кои во својата 20-та или 30-та година го дефинираат својот стил на мејк ап и не менуваат ништо во следните 20 години а и повеќе, ја прават можеби и најголемата грешка, затоа што процесот на стареење тогаш многу повеќе се приметува. Тоа отприлика значи како да носите иста облека многу долго без разлика на промената на вашето тело и модата.
Друга честа грешка е што сакаме со еден производ да постигнеме премногу, а најчесто станува збор за течната пудра каде што поради неколку неправилности на лицето се користи дебел и тежок слој на шминка. За неправилностите постојат коректори, па во овој случај правилно е да се нанесе лесен слој на пудра и дополнително да се нанесе коректор кој ќе ги покрие неправилностите. Како последен чекор задолжително нанесете лесен слој на пудра во прав или камена пудра за фиксирање.
Каква шминка е актуелна оваа зима?
Веќе неколку години разговараме за трендовите кои не се секогаш поврзани со сезоната. Границите се малку изместени, се носи скоро се, но нај истакнати трендови за оваа сезона се: многу маскара, ајлајнер, мат кармини, сенки за очи во боја, светки на очите…
Кој е твојот омилен парфем?
Се зависи од моето расположение. La vie est belle е примарен парфем кој го користам, но го сакам и новиот La Nuit Trésor Caresse. Посебно место во моето срце сеуште има Miracle затоа што тоа е парфем кој го користев кога почна мојата соработка со Lancôme.
Кратка приказна за брендот кој ja промовира француската убавина >>