Бараме новинари – пријави се и биди дел од најчитаниот моден и шопинг портал во Македонија
Ве покануваме да станете дел од тимот на најчитаниот моден и шопинг портал во Македонија.
Постојано ги следите модните трендови? Ве интересираат шминки и фризури? Пишувате интересни текстови на овие теми? Сега можете да станете дел од редакцијата на Штипка, најчитаниот моден магазин во Македонија.
Магазинот Штипка бара новинари за рубриките убавина и здравје, фитнес, џет-сет, мода и занимливости. Работните задачи вклучуваат пишување и објавување на текстови на порталот и на социјалните мрежи, посета и известување од настани, тестирање и пишување рецензии за одредени козметички производи, како и постојано следење на трендовите и најновите настани во претходно наведените области.
ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС
– Завршено високо образование во соодветна област (новинарство, филолошки факултет и сл.)
– Познавање на англиски јазик
– Најмалку 1 години искуство со иста или слична работа
– Познавање на CMS системот (објавување на слики и веб содржини)
– Познавање на работа со социјални мрежи (Фејсбук и Инстаграм) се смета за предност
– Познавање на Office програмите и Фотошоп (основно познавање)
– Способност и за тимска работа и за индивидуална работа (од дома)
– Амбициозност
– Комуникативност
– Креативност
Што нудиме ние?
– Интересна и динамична работна средина
– Можности за професионален развој и подобрување на вашите знаења и вештини
– Флексибилно работно време
– Атрактивни награди
Можат да се пријават и кандидати кои се уште не го завршиле високото образование, но имаат соодветно искуство за работното место.
Вашата биографија со слика и мотивациско писмо испратете ги на емаил адреса biznisuslugi@gmail.com најдоцна до 31 12 2016. Ве молиме наведете за која рубрика се пријавувате (може и за повеќе рубрики).
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Огласот трае до 31.12.2016