Позната шминкерка ни октри генијален трик со пудра
Овој трик ќе го обожавате!
Дали знаевте дека во вашата течна пудра можете да додадете капка вода и на тој начин да добиете совршена подлога?
Овој трик го откри познатата шминкерка Ребека Растрепо која меѓу останатите ѕвезди ја шминка и актерката Емили Блунт. Според неа ова е еден од нејзините омилени трикови со кои постигнува совршена подлога. Се што треба да направите е да додадете капка вода во течна пудра непосредно пред да ја нанесете на лицето и на тој начин ќе добите повлажна подлога и поблескав изглед. Ние веќе го испробавме овој трик и презадоволни сме, а ако сакате да го пробате и вие, направете го така што откако во рацете ќе нанесете малку пудра, измешајте капка вода и потоа нанесете на лицето со суво сунѓерче.
Не може да биде полесно, нели?
Топ 3 течни пудри на нашиот пазар кои се совршени за студените денови >>