Кафе муабет

Ние го поддржавме здравјето на мажите, а вие?

Advertisement

Минатата недела „Movember Macedonia“ го собра сите “мустактивисти“ од Македонија на забава во Капитол Мол каде ја имаа можноста да си ги “покажат” мустаќите, да донираат и да бидат информирани за предизвиците врз здравјето со кои се соочуваат мажите, но и да бидат дел од Моемврискиот базар на производи за мажи од спонзорот Biotherm Homme.

Advertisement

Моември забавата се одржа во Капитол 4Боулинг на 3 кат во Капитол Мол каде цените на една партија куглање и половина час билјард беа симболични 100 денари кои ќе се испратат во Movember фондот.

Секој може да се вклучи во движењето, претежно преку подигнување на свеста за болестите и донирање на светската интернет страна на Мовембер. 

Advertisement

Глобалното движење ги дистрибуира донираните средства во здравствени установи и лаборатории низ многу држави во светот.

Затоа, доколку оваа година не бевте дел од ова збиднување, ќе имате можност тоа да го направите наредниот ноември. 

А до тогаш отворено зборувајте за болестите кај мажите…

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button