Реклама
Трендови

Прочитајте како Иванка Трамп ги присвои најпопуларните сандали за оваа година

Реклама

Денес копирањето е во мода!

Веќе не е реткост парчињата кои ќе ги видиме на модните писти со логоата на најпознатите дизајнерски брендови за сезона или две, да ги видиме и на полиците во комерцијалните брендови. И тоа можам да го разберам, затоа што многумина од нас би можеле да си го дозволат некој тренд кој им се допаднал а притоа да не треба да го остават станот под хипотека или да бараат жиранти. Но она што не можам да го разберам, а кое исто така е во мода, е проблемот со таканаречените „фејк“ парчиња. Па и ден денес во центарот на градот, без разлика дали сте од Прилеп, Битола или Скопје можете да најдете парчиња со логоата на најпознатите дизајнерски брендови, а кои се со сомнително потекло. И изгледаат сомнително, а во некои ситуации дури и смешно. Можам само да ги замислам дизајнерите што би направиле кога би виделе своето лого на некои парчиња во Шутка на пример. Најверојатно таков хорор не им се случува ни во најголемите кошмари. Но проблемот со овие копии, како и со оние во продавниците на хај –стрит брендовите па ако сакате и со оние кај повеќето наши дизајнери кои исто така се безмилосни во своите копи-пасте дизајни, нема да исчезне бргу. На крајот на краиштата, можеби во таа насока и не треба да се движат работите, туку во сосема спротивен правец, и тоа како би можела да се задоволи желбата на сите оние кои сакаат да носат некое ИТ парче, а кое навистина не можат да си го дозволат. И тоа е во ред, нели? Но како што веќе реков, и тука треба да се биде умерен, односно да се има стил и да не се посега по работите кои се продаваат како нешто што не се. Не заборавајте дека не е битно логото, туку суштината. Идејата. Изгледот.

Маркетинг

Како да ја носите бојата на црвено вино оваа сезона >>

Маркетинг

И пред се стилот!

Но да се вратиме на „легалното“ копирање кое денес се продава како инспирација. Да, многу парчиња во продавниците на хај стрит брендовите се инспирирани од големите дизајнерски модни куќи. Еве земете го на пример бендот „Vatements“ и неговите фармерки кои се хит веќе неколку сезони. Тие веднаш беа прифатени од водечките комерцијални брендови и ако не можете да си ги купите со потписот на „Vatements“ (а колкумина од вас имаат оригинално парче од овој бренд кој сите го сакаме!), истите можете а си ги купите од Зара, Бершка или H&M. Ова го кажувам паушално. Истото е и со многу други парчиња кои преку ноќ ќе станат хит, па потоа девојките од целит свет ги носат во слична варијанта, а некогаш речиси во иста, само со потполно различни етикети. И квалитетот секако дека не е ист, но ако ги задоволува потребите, односно ако и по првото прање остане она што е, и пред се ако ве прави среќни, зошто да не си го купите?! Така беше и со патиките со високите потпетици од Isabel Marant, така е и со стартките од Конверс, моделот Стен Смит од Адидас …. Проблемот е што големите дизајнерски имиња и кога би сакале не можат да направат ништо на суд, затоа што е многу тешко да се докаже дека нешто е копирано, особено ако на тоа нешто дизајнот му е малку изменет и ако тоа и „официјално“ се продава како парче „инспирирано“ од некое друго парче, тренд или сл.

Новите адидаски кои можат да бидат број 1 патики меѓу познатите трендсетерки >>

Иванка Трамп

Токму ваков проблем имаше и дизајнерскиот тим на ќерката на новоизбраниот претседател на Америка Доналд Трамп, Иванка Трамп. Таа во нејзината последна колекција чевли воопшто не се потруди да ја надгради својата инспирација и легално да ги копира најпопуларните сандали туку дословно го украде дизајнот. Станува збор за сандалите „Wild Thing“ од „Aquazzura“ кои токму со овој модел станаа препознатливи во целиот свет. И тимот на Иванка не застана тука, туку копираше и други модели со потписот на младиот италијански бренд, па така ги преставија и своите верзии (кои повеќе се верни копии) на моделите „Belgravia” и „Forever Marilyn”. И повторно без ни малу да се обидат да направат некои корекции, односно барем малку да интервенираат во дизајнот како би се заштитиле од милионски тужби.

Овој фустан веќе е прогласен за креација на годината – познатите дами полудеа по него >>

Aquazzura

Едноставно како да не им беше гајле за тоа.

Откако се појавија сандалите со потписот на Иванка Трамп во продажба, Едгардо Осорио, креативниот директор на брендот Aquazzura најпрво се обрати до наследничката на империјата Трамп преку Инстаграм каде ваквата кражба ја нарече за срамен чин. Потоа следуваше и тужба адресирана до Trump Tower, која беше пуштена во јуни оваа година. Тие објавија и соопштение до медиумите во кое стои „ Aquazzura е млада компанија која вложува голема љубов и труд во својот дизајн. Оваа тужба е обид да го зачуваме сопствениот интегритет, и да ја заштитиме нашата работа, но и нашите клиенти“. Одговорот следуваше дури пред неколку недели.

https://www.instagram.com/p/BCiGi_0PB3G/

Имено, адвокатскиот тим на Иванка тврди дека тука не станува збор за никаква кражба на дизајнот, туку дека истиот е инспириран од актуелните трендови. Колку тоа и да звучи грдо, нели? Но бидејќи тука како што пишува хрватскиот Биро24/7 станува збор за еден темпераментен Италијанец, сите претпоставуваат дека тој нема лесно да се откаже и ќе ја истера правдата на виделина. Особено затоа што со ваквиот став на тимот на Иванка се оспорува неговата дизајнерска работа и го изедначуваат со тековните трендови. 

Три бои кои ќе доминираат меѓу трендовите оваа зима >>

Но како што се вели во единствениот коментар напишан токму под овој текст на истиот портал, потребна е иста критичност и кон домашните дизајнерите кои овој портал ги промовира најмногу, а во чии колекции 90 % од моделите се „инспирирани“ од туѓите идеи подеднакво како и случајот со Aquazzura и Иванка Трамп.

Ние 100% се согласуваме со ова!

Што мислите вие?

Извор: Биро24/7.хр, Штипка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button