Оваа зима леопард дезенот повторно е во мода!
Познатите модни уреднички и блогерки веќе ги носат своите омилени парчиња со оваа шара. Оливија Палермо ужива во нејзината јакна од Зара, додека Кејт Мос, кралицата на животинските дезени, има неколку. Покрај нив овие јакни ги носат Ема Робертс и Бела Хадид, но и сите останати жени кои на елегантен и крајно едноставен начин сакаат да го свртат вниманието на себе и да изгледаат привлечно. Но, за да го постигнете таквиот ефект секако дека не мора да носите леопард дезен од глава до пети, туку доволно е да го имате и на некој моден додаток како што е на пример марама, ремен, накит, торба или чевли. Но ако сакате да бидете во чекор со трендовите и оваа сезона, тогаш капут или бунда со овој дезен е маст-хев парче за вашиот плакар.
Па, отворете ја галеријата на крајот од текстот и погледнете ги најубавите капути и бунди за оваа зима со овој популарен животински дезен.
Bershka .790 MKD
Bershka 1.290 MKD
Bershka 3.790 MKD
CLARE V £168
GIANVITO ROSSI £462
Mango $59.99
Mango $59.99
R13 £426
види повеќе » |