Рецепти

Сите зборуваат за ова – ако и вие полудевте по кафе со овој зачин, еве како да го направите сами

Реклама
Реклама

Овој зачин е неизоставен дел во мафините, питите, топлите чоколади и кремасти кафиња.

Зачинот од тикви или „pumpkin spice“ е посебно обележје на есента и зимата, а од неодамна стана популарен и во некои наши кафулиња. Можете да го ставите во се, а посебно одговара во кафе и топлите пијалаци. Но за да не барате низ продавниците или во бескрајното пространство на интернетот од каде да го купите, обидете се да го направете сами. Зачинот од тиква всушност е комбинација на веќе неколку познати зачини како цимет и каранфилче.

Маркетинг

Еве што ви треба

4 лажички цимет во прав
2 лажички ѓумбир во прав
1 лажичка пимента во прав
1 лажичка мускатно оревче
1 лажичка каранфилче
1 лажичка какао

Маркетинг

Измешајте ги сите состојки и чувајте ја добиената смеса во тегла. Ваквиот зачин можете да го направите и без какао, но тоа му дава посебна зимска, слатка арома. Кога ќе го направите, само додадете една лажичка или две (по ваша желба) во вашето кафе и уживајте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button