Ново прекрасно парче од Isabel Marant
Погледнете ги новите џемпери Ilia од колекцијата за есен-зима 2016 на познатиот моден бренд Isabel Marant . Станува збор за преубав модел на француската дизајнерка по кој полудеа трендсетерките од целиот свет и за кој сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Џемперот ја следи линијата на телото и е со необичен детаљ во предниот дел и на ракавите и претставува совршено парче за оние кои сакаат да се издвојат од останатите.
Колку повисоко, толку подобро – како да носиме чизми над колена >>
Можете да го носите преку маица или топ, како необичните прорези би дошле до израз, во комбинација со кратки здолништа, панталони, па дури и со патики.
Џемпер кој преку ноќ ги освои модните блогерки од целиот свет >>
Направен е од волна од алпака, лама и мохер, односно од ангорска коза и е достапен во три бои – сива, темна и светло црвена боја.
Преминете на следната страна и погледнете како го носат ова парче познатите модни блогерки >>