Што е прајмер или база за шминкање и дали ви е потребен?
Според професионалните шминкери, тајната на совршениот тен и беспрекорната шминка се крие во употребата на база за шминкање.
Прајмер или база за шминкање е производ кој се става директно на чисто лице или откако ќе нанесете хидратантна крема. Со него ја подготвувате кожата за шминкање, ја правите да биде совршено нежна и глатка и полесно да ја задржи комплетната шминка на место. Неговата основна цел е прикривање на видливите недостатоци на вашата кожа. Со прајмерот можете да ги покриете проширените пори, ситните брчки и линии, проблемите со капиларите, црвенило и сите други слични неправилности. Но покрај прикривањето, ако прајмерот го користите пред да ја нанесете пудрата, таа значително подолго ќе остане и ќе даде многу поефикасен тонус на вашето лице, додека вашата кожа ќе изгледа беспрекорно и совршено. Токму поради овие причини производи се се’ повеќе во употреба, па дури и императив за убава шминка – ако порано прајмерите ги користеле само професионални мејк-ап артисти, денес многу девојки го користат самостојно за време на својот ритуал на шминкање.
Како да користите прајмер или база за шминка
Најпрво треба да ја користите хидрантната крема која инаку ја користите. Ако го користите прајмерот како и било која друга шминка на сува кожа, без крема, подоцна во денот можете да имате проблеми. Најдобро е да изберете лесни хидратантни креми бидејќи тешките креми можат да придонесат прајмерот едноставно да „падне“ од вашата кожа.
Кај овие производи важи правилото помалку е повеќе. Имено, за цело лице обично е доволно еднаш да ја стиснете пумпичката или ако е пакуван во тубичка, треба да ставите многу малку на прстите и лесно и рамномерно да нанесете на лицето. Потоа треба да почекате најмалку 30-на секунди да се засуши пред да ја нанесете течната пудра и коректор. Но не заборавајте дека без разлика дали го користите за цело лице, или само на поединечни подрачја (т.е. на местата каде најмногу се изразени неправилностите на вашата кожа!) или во делот на вратот и деколтето каде исто така е мошне ефикасен, најважно е прајмерот добро да го втриете во рамномерен слој. Базата секако дека не морате да ја користите секојдневно, односно најдобро е да ја користите само кога сакате да изгледате совршено. Секојдневно можете да ја користите само ако имате видливи подрачја со нерамна текстура на лицето.
НАША ПРЕПОРАKА
RADIANT Matt Finish Transparent Base
Транспарентната силиконска база RADIANT Matt Finish е супер козметички производ од палетата на Radiant Professional Make-up со кој можете да добиете беспрекорен мат резултат, глатка кожа и совршен тен. Оваа есен во мода е природната шминка која сите суптилно ги разубавува, а транспарентната база Matt Finish која има свиленкаста текстура и проѕирна мат основа ќе ви помогне како во нанесувањето на шминката, така и во постигнувањето на нејзиниот краен резултат. Создава проѕирен слој кој го намалува вишокот сјај на лицето, ги покрива неправилните линии и видливите пори, а притоа на кожата и овозможува да дише.
Напредната формула овозможува убав и рамномерен тен на сите видови кожа и може да се користете на сите делови на лицето и на „Т“ зоната, и тоа по нанесувањето на хидрантна крема, а пред нанесувањето на течна пудра или пудра во прав.
Можете да го користите и на подрачјето околу очите.