Течните мат кармини се сé попопуларни во светот на шминките
Кармините со мат текстура се хит веќе неколку сезони и девојките ги обожаваат поради силниот пигмент и кадифена текстура коja ја оставаат на усните. Тие се збогатени со масла кои ги негуваат и восоци кои им пријаат на усните, а најдоброто е што траат долго време. Тие можат прецизно да се нанесат и многу познати козметички куќи ги имаат во своите колекции. Па така Chanel неодамна ја претстави новата колекција Rouge Allure Ink со мат кармини во впечатливи бои, додека брендот YSL го има својот фаворит во нивната Vernis a Levres Vinyl Cream линија. Како мошне интересен производ кој е достапен и на нашиот пазар и кој воедно е еден од нашите фаворите (како според цената, така и според квалитетот) е и новиот кармин Matt Lasting Lip Color SPF 15 од Radiant Professional.
Станува збор за долготраен течен кармин со мат ефект и кремаста текстура, збогатена со витамин Е и други природни состојки за екстра хидратација на усните. Карминот има специјално сунѓересто четче за лесно нанесување, содржи сончеви филтри СПФ 15 за заштита од штетните сончеви зраци и НЕ содржи парабени.
Chanel – 150 Luxuriant
YSL – Rouge Vinyle
Burberry – Fawn Rose
Nars – Toy
Giorgio Armani – 400