Шминка

Кратка приказна за новиот козметички бренд кој е вистински хит на Инстаграм

Advertisement

Кратка приказна за големиот успех на брендот Milk Makeup

Advertisement

Првите производи со препознатливото лого на Milk Studios се појавија оваа пролет и тоа во 50 продавници на Sephora ширум цела Америка што беше навистина храбар чекор за една нова компанија која има многу малку искуство во светот на козметиката. Но не треба да заборавиме дека зад овој бренд стои основачот на Milk Studios, Раси Маздак, кој првите свои чекови во индустријата ги започнува уште во 1996 година. Станува збор за веќе реномирана компанија која стои зад бројни имиња кои создаваат мода, музика, фотографија, како и зад проектите на бројни познати и помалку познати креативци од филмски свет и се протега во речиси сите домени на современата култура, односно на нејзината креативност. Токму Milk Studios е компанија која помогна во кариерата на многу познати дизајнерски имиња, а меѓу нив секако се имињата на генијалните Alexander Wang, Proenza Schouler, Joseph Altuzarra и мн. други.

Одлуката да го создадат новиот бренд се појавува сосема спонтано. Според влијателниот моден магазин „BOF“, приказната започнала така што Раси еден ден седнал со своите партнери и заклучиле дека мораат да направат свој сопствен бренд. Потоа заедно со својата сопруга Зана Роберт Раси, која воедно е и уредничка на „ Marie Claire“ и нивните партнери започнуваат да ја развиваат идејата. А главната идеја е токму нивната публика. Компанијата Milk Studios ја следат преку 1.4 млади луѓе, кои се креативни и во главно се незаинтересирани за следење на трендовите кои се инспирација за модните магазини. „По 20 години работа знаеме да ги направиме оние мали движења во модата или во музиката. Ние ја видовме нашата заедница, ја почувствувавме и решивме да направиме нешто за нив“, изјави Раси.

Advertisement

Интересно е што брендот само 6 месеци по појавувањето во првите 50 продавници на Sephora се прошири на уште 50 продавници на овој познат американски бренд на продавници кога се козметичките производи во прашање, а потоа си обезбедија место и во продавниците на популарниот ланец Urban Outfitters. „Milk Makeup навистина ги изненади сите наши очекувања“, изјави одговорната за продажба во Sephora за новиот бренд кој во главно се карактеризира со неконвенционална понуда на производите, унисекс пакувања и препознатливи кампањи со кои за многу кратко време ќе создадат своја клиентела.

Нивната целна група се млади девојки и момчиња кои немаат многу време за средување (токму затоа и нема потреба од дополнителен прибор за ниту еден од нивните производи). Тие се направени од квалитетни производи кои се карактеризираат со долготрајност, а пакувањата се направени во комбинација со антимикробно сребро така што и да паднат на подот во тоалетот остануваат заштитени (сето ова е убаво потенцирано во нивните кампањи). Тука е и единствената и креативно осмислена гондола за нивните производи па заедно со нивните интересни пакувања кои се разликуваат од другите на пазарот предизвикуваат посебен впечаток кај потрошувачите. Довербата која ја имаат добиено од познатите трговски ланци е неверојатна, но тоа кажува многу за добрата идеја и квалитетот на производите. Според Раси, основачот на брендот, тие самите на себеси се најголемата конкуренција, а што се донесува до проблемите, нив не би требало да ги има доколку добро ги слушате луѓето. Ова се однесува како до луѓето од управата на најголемите трговски продавници, така и на обичните девојки од Охајо.

Тоа е и основната формула на нивниот неверојатен успех.

Браво!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button