Овие чевли можеби на прв поглед изгледаат кич, но тие се опасно добри за на Инстаграм
Погледнете ја новата Queercore колекција на Gucci.
Инспирирани од панк геј движењето кое беше актуелно во 80-тите оваа опасно добра колекција со чевли е последниот тренд кој ни доаѓа од познатиот дизајнерски бренд. Тоа можете да го забележите и по Инстаграм фотографиите на познатите ИТ девојки, а како најпознати меѓу нив ќе ги издвоиме Ана Дел Русо и Кјара Ферагни. Она по што овие неверојатни чевли посебно се издвојуваат тоа се интересните детали во вид на копчи, како и кристалите со кои се украсени потпетиците и мотивот змија кој е во фокусот на целата колекција. Карактеристично за нив е и тоа што покрај ексклузивниот изглед, тие се и фантастични за фотографирање, па можеби токму во тоа и се крие тајната за нивниот неверојатен успех. Погледнете!
$ 1,450
$ 1,790
$ 1,790
$ 1,890