Претставена е нова колекција на популарните Classic чизми, а главната амбасадорка на брендот UGG® е актерката и супермоделот Роси Хантингтон Вајтли.
Познатиот бренд UGG објави соработка со Роси Хантингтон Вајтли како свое ново заштитно лице и како би им оддале почест на нивните единствени Classic чизми, но и да го најават доаѓањето на новата Classic II колекција. Тие се поудобни и помеки од нивните претходнички – кожата им е импрегнирана што значи дека ја одбиваат водата и не се валкаат, додека логото на брендот е истакнато на елегантна кожена етикета позиционирана на петите.
„Горда сум што сум заштитно лице на брендот кој толку многу обожаван низ целиот свет. Кога почнав да се занимавам со манекенство, првата работа која што ја купив беа токму чизмите Classic бидејќи удобноста од секогаш ми била најважна. Новите модели ја нудат истата удобност, но со многу попривлечен и поинтересен street style изглед“, изјави Роси.