Коса

Какви плетенки се во мода?

Advertisement

Ова е една од оние фризури кои можете да ги носите буквално секаде – од прошетка на црвениот килим до вежбање во теретана.

Advertisement

Опуштена варијанта

Лежерни плетенки кои изгледаат како да имате преспиено со нив и од кои, по малку несредено, излегуваат прамени коса се апсолутен хит оваа сезона. Досега ги имаат носено бројни ѕвезди како Лили Ален, Блејк Лавли и Џенуари Џонс и тоа во безброј варијанти.

Advertisement

Можете да ги пробате оние чија текстура со плетењето и врзувањето со ластичето е толку разбушавена со прстите што изгледаат како „суканици“, потоа варијантата со која плетенката се формира од три прамени со различна дебелина и должина кои исто така изгледаат прекрасно и се во мода, како и оние кои се исплетени само до половина, а останатиот дел од косата виси во опашка или плетенка „рибина коска“ која на почетокот, кон темето, е разбушавена, а на останатиот дел од косата средена.

Плетенка со опашка или пунџа

Предниот дел од косата или шишките исплетени покрај челото во една плетенка беа популарни некое време во средна дебела варијанта, со нешто помеко „врзување“ и носени со распуштен остатокот од косата, а сега се носат многу тенко исплетени во комбинација со собрана коса и тоа најчесто во висока пунџа врзана во јазол или опашка, и многу цврсто исплетени. Оваа варијанта многу често ја носи Кара Делевињ која не ретко се појавува и со „круни“ на главата какви носеа и нашите баби под своите црни марами.

Само на една страна

Овој тренд најверојатно настана како одговор на Ријана кога главата до половина и беше избричена и тоа за оние девојки кои сакаа да го постигнат овој изглед, но немаа срце да се откажат од дел од својата „грива“. Познатите ИТ девојки кои носат лежерна плетенка на само едната страна од главата обично останатиот дел од косата го виткаат во благи бранови и лежерно ги подигаат шишките, а големите блескави обетки се исто така задолжителни кај ваквиот генијален изглед каков фура и Амбер Херд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button