И покрај тоа што овој фустан е оценет како „преубава опција за модерни невести“, откако Меланија стана прва дама на Америка моделот им стана омилен на многу дами од целиот свет.
Фустанот кој го носеше Меланија во јули оваа година, на Републиканската национална конвенција во Кливленд, Охајо, стана вистински хит меѓу дамите од целиот свет откако Доналт Трамп победи на претседателските избори, а неговата сопруга стана првата дама на Америка. Станува бор за креација со потписот на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ кој зрачи со својот беспрекорен стил и елеганција впрочем како и сите други нејзини креации кои досега ги имаат носено бројни ѕвезди и модни икони, од Натали Портман, па се до Кејт Миделтон.
Моделот кој го носеше Меланија (26) се продаде во голем број примероци на сајтот на Net a porter и покрај неговата висока цена од преку 2000 евра, а како што изјави портпаролот на Трамп, и Меланија својот модел го купила токму од оваа интернет продавница.
Интересно е и тоа што Роксанда и е една од омилените дизајнерки и на Мишел Обама која исто така често можевме да ја видиме во нејзините креации. Покрај ова, ако ја земеме во предвид и желбата на Меланија дека сака да биде Џеки Кенеди на 21 век, тогаш воопшто нема да се изненадиме ако и во блиска иднина ја видиме првата дама на Америка како повторно носи креација со потписот на генијалната дизајнерка.