Браво за оваа мајка! Прозборе за проблемот за кој сите мајки молчат. Сега е ѕвезда на Инстаграм!
Оваа мама е нашиот херој на денот, а еве и зошто!
Хејона Чо стана вистинска ѕвезда на Инстаграм кога реши отворено да зборува за нејзиниот проблем – таа дои, но има мало количество на млеко. И додека сите се обидуваме да изгледаме што посовршено на социјалните мрежи и да ги споделуваме само најдобрите впечатоци и моменти од нашите животи, Хејона реши да го искористи својот профил на сосем поинаков начин зборувајќи отворено за својот непријатен проблем.
Еве што напиша таа:
„Чувството кое што го имам кога моето дете ќе заплаче не можам да ви го опишам. Ми се крши срцето кога тоа е гладно и плаче, а јас знам дека немам доволно млеко. Болните и испукани брадавици се ништо во споредба со алармот во мозокот кој што се случува кога бебенцето ќе заплаче. Очајнички сакам да му помогнам, но тоа не можам да го направам. Кога ќе падне ноќ, морам да избирам помеѓу тоа дали да го нахранам со формула или да ја оставам да спие гладна. Третиот избор е да се будиме на секој саат, и двете под стрес, и да се обидам да ја нахранам што речиси секогаш завршува со мое понижување и чувство на срам бидејќи не успеав. Ниту еден од овие три избора не е добар, а јас морам да изберам еден. Што има воопшто во формулата? Зошто мириса на гума? Дали моето млеко ќе биде во ред некогаш? Дали правам нешто погрешно? Никој никогаш не ми зборувал за тоа. Никој ми нема зборувано за проблемите со доењето. Тоа мора да е реалност со која се среќаваат многу мајки, а за која никој не зборува отворено. Затоа денес зборувам во свое име, но и во името на сите мајки кои немаат млеко. Не дозволувајте да се чувствувате виновни и засрамени. Некои работи едноставно не можеме да ги контролираме, па затоа мораме да го направиме следниот најдобар избор. Сите ве сакам!“ напиша Хејона на својот Инстаграм, а додаде и дека количината млеко и се зголемува од ден на ден, па затоа секојдневно и ја намалува формулата што му ја дава на своето дете.
Што мислите вие за ова?