Grown Alchemist е австралиски бренд кој претставува нова генерација на производи за органска нега на кожата направени од 100 % природни состојки.
Брендот е основан во 2008 година од браќата Џереми и Кестон Муијс, а откако стана еден од омилените локални брендови во Австралија, во 2014 година започна и неговата посилна експанзија во Америка за денес преку нивната веб продавница да можеме и ние да ги порачаме нивните производи, впрочем како и многу други земји од целиот свет. Брендот претставува една од омилените јавна тајна на бројни модни и бјути блогерки, а во нивната шик минималистичка амбалажа се крие и позитивна приказна која е само уште една причина што многумина го обожаваат. Кога браќата Муијс решиле да лансираат свој производ, тие осмислија револуционерен одговор на традиционалниот пристап на антиејџ нега на кожата, и тоа со желба да создадат производи кои во себе не содржат воопшто штетни хемикалии.
Нивната тајна се крие во формулата составена од активни состојки кои стимулираат производство на колаген и еластин, потоа напредни пептиди, хијалуронска киселина и некои од најсилните антиоксиданси со кои се постигнува 100 % природна трансформација на кожата. Во средиштето на приказната се секако и сертифицираните органски состојки, а причината поради кои производите ефикасно делуваат се крие во биологијата. Според производителите, телото ги препознава молекуларните структури на овие единствено природни формули и ги користи максимум, наместо да ги отфрла. Резултатот е регенерирана кожа, еластична, помлада и со подобра текстура, без разлика дали станува збор за чувствителна, сува, мешана, мрсна или нормална кожа. Покрај ова производите решаваат и проблеми со брчки и фини линии, проширени пори, црвенило, нееднаков тон на кожата, како и длабинско чистење на кожата, детоксикација, зацврстување, хидратација. Спакувани се во „еко-френдли“амбалажа со минималистички карактер, а доколку сакате да истражите нешто повеќе за оваа козметика која преку ноќ го освои модниот и бјути свет, посетете ја нивната страница „Grown Alchemist “.