Да, да.. култните Tuxedomoon доаѓаат во Скопје!
Приказната со TUXEDOMOON е поврзана со Стивен Браун (сопрано и алт саксофон, клавир, синтисајзер, кларинет и вокал) и Блејн Л. Реинингер (виолина, клавијатури, вокал) кои заедно со радиоактивистот Питер Принсипл Дашерт (гитара, баз и звучниефкети) започнуваат со работа во 1977 година во Сан Франциски, град кој во тоа време има многу жива локална сцена, отворена за сите видови лудории. Бендот за многу кратко време станува еден од водечките во новиот американски бран од крајот на 70-тите, и заедно со The Residents (уште еден куууууултен бенд кој верувале или не, си го имаме гледано во Скопје) се во жариштето на пост-панк естетиката во андерграунд сцената. Издавачката куќа за кои што снимаат, Raplp Records (во оваа куќа, сопственост на The Residents го снимаат првиот албум Half Mute”,), станува една од главните музички куќи која поставува нови стандарди кога е во прашање неконформистичката креација и пристап на поп музиката, во кој е дозволено мешање и поигрување со жанровите , од џез, преку кабаре до психолошкиот рок и слободна употреба на новите електронски звуци.
{youtube}U2xs8NauMNk{/youtube}
Покрај ова, и пред се благодарение на соработката со театрите, Tuxedomoon воедно се и пионери во мултимедијалниот настап и меѓу првите кои креативно користеа видео проекции на своите настапи По вториот генијален албум Desire кој го снимаат во Лондон, преминуваат во Белгија (1981 година) и продолжуваат да работат и живеат во уметнички комуни. Поради сплет несреќни околности Блејн го напушта бендот, а неколку години подоцна доаѓаат Иван Георгиев и Луц Ван Лајсхојт со кои ќе го достигнат врвот на популарноста, во 1985 година со објавување на албумот Holy Wars за белгискиот „Crammed“. Во 1987 година доаѓа до разделување, а нивното повторно собирање се случува во 1998 година, за по две години да ја започнат турнејата HALF MUTE 2000, додека во 2004 година се случува триумфот со албумот „Cabin In The Sky“ со кој на најдобра можен начин се претставија пред својата нова публика.
{youtube}ZyRGtTzj440{/youtube}
Концертот во Скопје во рамките на Таксират Фестивал ќе се одржи на 3 ти декември во Младински културен центар, каде ексклузивно и за прв пат во целост ќе го изведат „Half-Mute“, по повод 35-годишницата на ова, нивно најпознато издание.