Филмска листа од која ќе ви лазат морници по целото тело
Наша препорака за Ноќта на вештерките, наместо да се шетате низ градските локали и на тематските забави, да ја искористите готската атмосфера и со саканиот или пријателите да поминете незаборавна хорор вечер. Ова секако ќе го постигнете со било кој од овие филмови кои се гледаат со запалени светла (но овој пат за доживувањето да ви биде максимално, направете го тоа без нив, или со две-три свеќи) на кои потоа долго ќе се сеќавате кога случајно ќе се најдете во темен ходник или сами во темна соба.
Овие филмови најдобро е да не ги гледате сами (освен ако не сте голем фан на хорор филмовите), а ако успеете да изгледате барем еден за време на Ноќта на вештерките верувајте дека ќе си поминете лудо и незаборавно.
Па, еве кои се нашите предлози.
{youtube}VSF6WVx_Tdo{/youtube}
1. Carrie (1976)
{youtube}ICp4g9p_rgo{/youtube}
2. Let the Right One In Official HD Trailer
{youtube}Vu494-Dr5po{/youtube}
3. The Others
Неколку податоци за празникот
Инаку, Ноќ на вештерките е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските доселеници во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.
Премини на следната страна >>