Погледнете го ова „откачено“ издание на познатата адвокатка.
Амал за опуштена прошетка со својот сопруг избра да го носи клучното парче за оваа есен – фармерки ѕвонарки зачинети со везени детали кои потсетуваат на хипи ерата од седумдесеттите. Тие совршено стојат на витката Амал, а воедно и ни открија дека познатата адвокатка е малку поправена и сега изгледа уште поженствено.
Маркетинг
Амал фармерките ги носеше во комбинација со жолт ребрест џемпер со долги ракави и ефектна чанта со долги реси која на целиот стајлинг му даде доза на бохо стилот.
Маркетинг
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Амал? Погледнете во продолжение неколку модели на фармерки со кои би можеле да ја „позајмите“ оваа комбинација >>
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .