Сувата кожа е непривлечна на изглед, непријатна на допир и создава чувство на затегнатост, па неопходна е дополнителна нега за да придобие нежна, мека и мазна текстура.
Голем е бројот на луѓе засегнати од проблемот сува кожа и најчесто тие се жалат на сува кожа во долниот дел на нозете, рацете и лицето. Сувата кожа може да е наследна, да е последица на стареењето или да е причинета од некоја болест. Но, исто така постојат и надворешни фактори кои можат да доведат до појава на сува кожа.
Што не треба да правите ако имате сува кожа и како да ја негувате истата
Не се туширајте долго и со жешка вода.
Не користете силни сапуни.
Не користете премногу груби сунѓери за капење.
Не носете мокри ракавици или чорапи
Не заборавајте да ја хидратирате кожата.
Јадете храна богата со омега-3 масни киселини.
Користете заштита од сонцето.
Носете облека од природни влакна.