Еден миг, Една надеж, Една светлина – настан за инклузија на лицата со сетилна попреченост
По повод Меѓународниот ден на Белиот стап – симбол на слепите лица, на 15 Октомври, невладините организации НВО и Детски свет сплотени под една капа “Нов Почеток”, ќе го одбележат денот со низа активности.
Програмата започнува во Сабота со интерактивна игра во која млади лица со сетилна попреченост и лица без попреченост ќе се дружат во ЛасерХант центарот со почеток од 10:30ч до 12:00ч, дружењето продолжува во меѓународното училиште “НОВА”, каде во 14ч ќе започне фудбалски натпревар помеѓу екипите НОВА и Нов Почеток.
Хуманитарниот настан ќе се одржи во 19:30ч во Салон 19 19, каде ќе се зборува за основната мисија и цел на овие две невладини организации, достигнување на еднаков развој на социјалната инклузија на територија на цела Република Македонија, и потребата од создавање услови за воспоставување и промовирање на настани и иницијативи базирани на интеракција на младите со и без попреченост во секојдневниот живот.
Дел од програмата е и неделното гостувањето во Радовиш на манифестацијата `Самун ем Татлија` на покана на градоначалинкот Сашко Николов.
Меѓу сите активности НВО и Детски свет го најавуваат отварањето на првиот младински инклузивен центар за лица со сетилна попреченост, во Среда, 19 Октомври во 14ч. Центарот е лоциран на ул.Анкарска 29А, и ќе нуди секаков вид на услуги кои лицата со сетилна попреченост им е отежнато да ги обавуваат сами, од правни услуги, семејни советувања, обуки и едукација во вештини на зборување и ориентација во макро и микро просторот.
Ве покануваме да бидете дел од оваа иницијатива, да го подржиме овој проект и да донираме за негово остварување.
Повеќе информации за настанот побарајте тука >>