Рецепти

Не знаете што со стариот леб? Направете брз и вкусен десерт

Advertisement

Пред да го фрлите или изронете на птиците, испробајте го овој рецепт

/>

Advertisement

Ако често ви се случува да ви остане стар леб и не знаете што со него, буквално ве требаат пет минути да го претворите во одличен десерт, не сметајќи го, се разбира, времето за печење. За пудинг од леб, може да користите било кој стар леб, печива, кроасан…

Состојки што ви се потребни:

• бајат леб
• 250 мл млеко
• 50 g шеќер
• 2 јајца
• ванилин шеќер
• кора од лимон
• цимет
• сол
• суво грозје (опционално)

Advertisement

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 170 °C. Лебот поделете го на помали парчиња и наполнете 4 мали керамички тави за печење или едана голема што претходно сте ја намачкале со путер.
2. Изматете ги јајцата со шеќер, малку сол, цимет, ванилин шеќер и лимоновата кора. Додадете млеко и промешајте и, ако сакате, додадете суво грозје.

https://www.instagram.com/p/BJUqQK0g3z-/

3. Малите тави наполнети со леб прелијте ги со мешавината од јајца и млеко и оставете парчињата да ја впијат течноста, а потоа прелијте ги со остатокот.
4. Печете 20-45 минути, во зависност од рерната, или додека лебот не зарумени, а колачот е компактен како пудинг. Уживајте!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button