Три бои на кармини кои мораме да ги имаме оваа сезона
Нова сезона, нови трендови и во светот на шминките.
Прочитајте кои бои на кармини ќе бидат водечки тренд за оваа сезона
Кајли Џенер
Според Кајли Џенер, темните тонови на усните ќе бидат задолжителни за оваа есен, а една од водечките нијанси е токму онаа која се наоѓа на границата измеѓу темно пурпурната и популарната бордо боја.
https://www.instagram.com/p/BKYg0s7BWD-/
Емина Јаховиќ
Пејачката Емина Јаховиќ секогаш е прекрасно нашминкана па нема зошто да не и веруваме кога се трендовите за убавина во прашање. Таа неодамна се појави со една нијанса која е маст-хев за оваа сезона и со која дефинитивно не освои од прва. Повторно станува збор за потемна нијанса, но овој пат во кафеава боја. Кафеавите кармини се враќаат на голема врата, а совршено одговараат со златни и бронзени нијанси на очите кои исто така се хит оваа есен.
Рецензија на најдобриот течен коректор на нашиот пазар
https://www.instagram.com/p/BKmAKBrgMCD/
Ева Лонгорија
Еден од трендовите кој ги освои познатите девојки оваа есен се и таканаречените „nude“ усни. Кармините во боја на кожа се фаворит и на многу познати бјути блогерки, а и на познатата актерка Ева Лонгорија.
Кармин кој морате да го имате во вашиот несесер оваа есен
https://www.instagram.com/p/BJAYIgCA4fR/
Извор: Make-up.rs