ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА ВИТКА ПОЛОВИНА: Следете ги и ослободете се од талогот масти околу стомакот
Наслагите на масти на стомакот не се само прашање на атрактивен изглед.
Вишокот килограми и масни наслаги го отвораат патот за дијабетес, проблеми со притисокот, проблеми со плодноста. Затоа, фатете се за работа и ослободете се од мастите еднаш засекогаш.
Овие десет заповеди ставете ги на ѕидот над ладилникот. Гарантираме, ако бидете чесни и побожно се придржувате кон нив, салото на вашиот стомак ќе биде нешто од минатото што наскоро ќе го заборавите.
1.Шетање
Наместо на кафе, одете на прошетка. Умереното одење ќе помогне во симнувањето килограми, брзо и уште повеќе. На тренингот со висок интензитет три пати побрзо се согоруваат висцералните масти, а тоа се оние скриени од окото, што им штетат на вашите органи.
2. Влакна
Колку повеќе влакна, толку подобро. Свеж зеленчук, овошје и житарици. Пченка, грав, авокадо, интегрални тестенини, леб од цели зрна, леќа, круши, артишок, овес, малини, грашок, брокула, јаболка, јачмен, бадеми.
3. Домашни работи
Правосмукалката е одличен тренинг за стомачните мускули. Извршувањето домашни работи е најдобар начин да ослабете.
Премини на следната страна >>