Реклама
Нега и здравје

Не брзајте: Совршена фигура по породувањето се постигнува само по извесно време

Реклама

За жените по породувањето повторно да се чувствуваат пожелни и секси, потребни се 409 дена, покажува истражувањето спроведено во Велика Британија на примерок од илјада жени

Новопечените мајки признале дека им биле потребни минимум околу пет месеци подолго за да ја вратат совршената фигура отколку што очекувале. Самодовербата им се вратила кога повторно тргнале на работа. Иако славните мајки, како Викторија Бекам, совршената фигура ја враќаат само за месец дена, на „обичните смртнички“ им треба околу една година и повеќе, открива истражувањето.

Маркетинг

За да ја вратат фигурата и сексуалниот нагон што го имале пред бременоста, на жените им треба 409 дена. Околу 10 проценти од жените тврдат дека им било потребно повеќе од две години за повторно да се чувствуваат пожелно. За жал, 15 проценти од жените се изјасниле дека никогаш не го вратиле тоа чувство. Причината е во постојаниот замор и акумулираните килограми, но, исто така, и во фактот дека веќе немаат време само за себе. Дури половина од жените признале дека нивната самодоверба им се вратила кога повторно почнале да одат на работа, а колку повеќе работеле, толку се чувствувале попожелно.

https://www.instagram.com/p/BJa5nVBBlaJ/

Маркетинг

Бременоста и бебето го менуваат животот од темел, а жените треба да знаат дека споредувањето со другите жени после породувањето може да предизвика спротивен ефект и да доведе до депресија“, тврди психологот Еленор Вајлд.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button