Реклама
Шопинг

Како би ги носеле омилените бели патики на Кејт Мидлтон?

Реклама

Кога станува збор за црвениот килим, Кејт најчесто носи парчиња од брендовите како Alexander McQueen, Jenny Packham и Preen.

Но во нејзините секојдневни комбинации многу често можеме да ја забележиме во парчиња од најпознатите хај-стрит брендови кои со својата цена ни се достапни на сите. Токму таква комбинација Кејт Мидлтон носеше неодамна при нејзината посета на Канада, каде беше забележана во бели патики кои на Интернет можат да се најдат за околу 50 фунти (на пр. во продавницата на Асос се околу 66 евра). Таа ги комбинираше со црни тесни фармерки од Zara и јакна во војнички стил од „Troy London“, додека целата комбинација ја заокружи со нејзината преубава коса и децентна шминка. Патиките се од брендот „Superga “ и се едни од омилените и на познатата модна блогерка Алекса Чанг.

Маркетинг

Што се однесува до нас, ние овие патики би ги носеле со плисирано здолниште и обична маица или со skinny фармерки и џемпер.

Маркетинг

A вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button