Трендови за коса и фризури кои ќе доминираат оваа есен
Оваа есен ќе се носат навистина различни и интересни фризури.
Новите трендови ни доаѓаат од Модните недели кои се во тек и има фризури за сечиј вкус. Погледнете и самите:
Коса исчешлана наназад
Пуштете ја вашата коса да одмори и само нежно исчешлајте ја наназад и прицврстете го коренот со лак или гел.
Коса стилизирана со цик-цак пегла
Трендот од 80те повторно се враќа во мода. Потребна ви е само пегла со цик-цак ефект и лак со кој ќе ја прицврстите добиената текстура на косата.
Разбушавена коса
Помалку неуредна фризура која делува доста лежерно и многу лесно се постигнува. Оваа фриура е хит на модните писти изминатиов период.
Две пунџи
Хит кај блогерките во светот. Поделете ја косата на пола и наместо една направете две помали пунџи. Дискретна и многу интересна фризура за оваа есен.
Премини на следната страна >>