Уништуваат габи, бактерии и непријатен мирис – средства за миење на интимните делови што ги имате дома!
Секоја жена порано или подоцна се соочува со ситуација кога мора да се обрати на доктор поради симптоми за кои и е непријатно да зборува – црвенило, чешање на вагината, потекување, стомачна болка, секрет со лош мирис …
Вагинитисот претставува воспаление на вагината предизвикано од патогени бактерии или габи. Ова заболување се јавува кај околу една третина од жените на репродуктивна возраст. За да се разберат причините за појава на вагинитис треба да се земе во предвид дека вагината е средина каде престојуваат различни микроорганизми, и корисни и патогени, а нивниот баланс зависи од повеќе фактори како староста, животниот стил и функционирањето на јајниците.
Сите овие фактори влијаат на содржината на гликоген во ѕидот на вагината кој се претвора во млечна киселина (pH 4-4.5) и го спречува ширењето на лошите бактерии. Алкалната средина во вагината може да предизвика многу различни болести. Употребата на антибиотици за лекувањето на овој проблем може да ја влоши ситуацијата и да доведе до развој на габични инфекции. Лековите и различните хемикалии можат да предизвикаат алергиски реакции и прекумерна сувост. Од друга страна, постојат низа природни лекови кои ја нормализираат микрофлората на вагината и ги отстрануваат непријатните симптоми на вагинитисот. Важно е пред да почнете со третманот да утврдите што е причинител на болеста – бактерија или габа.
Премини на следната страна >>