Култура[тор]

Небото над Скопје – интересна изложба која треба да ја погледнете!

Advertisement

Ако сакате деновиве да погледнете добри фотографии, тогаш задолжително погледнете ја изложбата „Небото над Скопје“.

Advertisement

Во склоп на Белата ноќ во Домот на Културата „Кочо Рацин“ (Дом на Градежници) ќе бидат изложени фотографиите на нашата фотографка Ерина Богоева. „Небото над Скопје“ е поздрав кон животот поминат во родниот град на самиот автор. Претставува благодарност за сите настани доживеани токму под тоа небо. Преку урбаните пејзажи се отсликуваат различните состојби на тоа небо, а преку него и на нашиот живот: некогаш романтично, некогаш живописно и сликовито, а некогаш сиво но, секогаш свое и познато. Изгрејсонца, зајдисонца и се’ помеѓу она што го претставува животот во оваа наша мала метропола. Понекогаш е потребно само да погледнеме нагоре во точниот момент, а небото над Скопје секогаш ќе е таму.

Ерина Богоева е родена на 02.07.1988 во Скопје.  Таа е дипломиран филолог на катедрата по Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р.Македонија и магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија при Нотингам Универзитетот, Велика Британија. Таа освен како фотограф работи и како театарски продуцент.

Advertisement

Прочитај го и нашето интервју со Ерина тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button