Бојата на црвено вино e се уште во мода
Zara 10,990.00 MKD
Бојата Марсала беше прогласена за боја на годината во 2015, а од она што го видовме во есенските колекции на најпознатите брендови оваа боја се уште е еден од водечките трендови. Нијансите на финото црвено вино можете да ги сретнете насекаде во новите колекции, без разлика дали станува збор за фустани, здолништа, капути, па дури и комбинезони, и без разлика дали се направени од кадифе, крзно, кожа, тантела или било кој друг материјал.
Prabal Gurung
Модните креатори ни покажаа дека бордо бојата се слага со најразлични текстури, а познатите дизајнерски брендови како „Altuzarra“, „Fendi“ и „Blumarine“ направија модели на кои дефинитивно не можеме да им одолееме.
Isabel Marant
Тука се и неодоливите широки кожени чизми од „Isabel Marant“ кои веќе ги освоија најпознатите трендсетерки, како и бундичката и кожениот капут од Blumarine.
Премини на следната страна >>