Топ 4 нови начини како да ја носите вашата боб фризура
Една од најпопуларните фризури и ова лето беше кратката боб фризура, но овој пат малку по различна и освежена од минатата сезона.
Поради тоа заборавете на класичниот облик и форма, и обидете се да ги следите новите трендови. Не плашете се да ризикувате, бидејќи резултатите се повеќе од фантастични.
Ова се едни од најубавите боб стилови според нас:
Боб со рамни и кратки шишки
Смела фризура за оние кои сакаат да ризикуваат. Стои совршено на оние со црвена коса.
Долг боб
Наспроти претходната, оваа фризура е за подолга коса која делумно го крие лицето. Фризерите советуваат оние кој имаат ваква фризура да ја сушат на природен начин за да ја добијат посакуваата ‘несредена’ форма.
Кадрав боб
Ако имате кадрава коса веројатно мислите дека никогаш не би ви стоела боб фризура. Тоа не е точно. Дури и нај кадравата коса може да се стилизира и негува. Со помош на малку пена вашите локни ќе станат сјајни и ќе изгледаат одлично и во ‘боб’ стил.
Боб со шишки на страна
Освен неуредниот боб кој е хит во светот, оваа сезона хит ќе биде и поелегантната верзија на истиот. Оваа фризура не навраќа во 50те и 60те годии од 20от век. Карактеристични за неа се и шишките кои се разделени со патецот и го обликуваат лицето.