Нови (позитивни) вибрации од Модната недела во Лондон.
Според она што го видовме на Модната недела во Лондон следната пролет во мода ќе биде младешкиот дух исполнет со бунтовнички (панкерски) детали, потоа (DIY) парчиња кои изгледаат како сами да сте се поиграле со вашите ножички и некои стари парчиња што сте ги нашле во вашите плакари, како и стиловите кои потсетуваат на журките и ритамот на животот од 80-тите години од минатиот век. Едноставно новите пролетни трендови изгледаа брзо, дрско, но истовремено и неодоливо, секси и откачено. Боите се светли, дезените впечатливи, фустаните направени како за излегување и фотографирање за Инстаграм, парчињата широки во кои можете слободно да се движите, па дури и да трчате …
Да, навистина има многу што да се зборува за новите трендови, а во продолжение погледнете кои од нив ќе го имаат главниот збор следната пролет.
види повеќе » |