Ви ја претставуваме Деси Перкинс, девојката со најубавите бјути видеа на Јутјуб
Оваа симпатична девојка е позната јутјуберка за која сме сигурни дека ќе ја обожавате поради нејзината беспрекорна шминка!
Деси Перкинс на својот Инстаграм профил има преку 2.7 милиони следбеници додека на нејзиниот канал на Јутјуб околу 2 милиона. Но овие бројки не треба да ве чудат бидејќи станува збор за девојка која ги споделува едни од најдобрите и најинтересните совети за шминка на овој канал и која секогаш, ама баш секога, изгледа прекрасно. Таа негува неутрален и елегантен изглед, а нејзиниот канал преставува вистинска ризница кога сакаме да најдеме инспирација без разлика дали станува збор за дневна или вечерна шминка. Едно од нејзините видеа за средување на веѓите има преку 13 милиони прегледи на Јутјуб, бројка која сами по себе кажува многу за талентот и квалитетот на оваа девојка.
{youtube}D8A2-W17AME{/youtube}
Покрај видеото во продолжение погледнете и неколку нејзини фотографии и инспирирајте се од нејзините мејкап изданија.
Премини на следната страна >>