Плисираните сукњи веќе неколку сезони се на самиот врв на сите наши шопинг листите, а тоа ќе остане така и во сезоната што следува.
H&M
Плисираните здолништа дефинитивно господарат со излозите во нашите омилени продавниците, но и на Инстаграм профилите на познатите модни блогерки, па зошто да немаме барем еден модел и во нашите плакари?! Оваа пролет вистински хит беа металик нијансите, додека оваа есен, во мода ќе биат и моделите со поедноставни материјали. Во нив ќе се чувствувате како вистинска дива, особено ако ги носите во комбинација со тренди патики и бомбер јакни како што тоа милуваат да го прават познатите трендсетерки и ИТ девојки.
ASOS PETITE £35.00
Нивната должина најчесто е до колена или до подот и се одличен избор за девојки кои сакаат да го истакнат својот стил. Одлично стојат и во формални и лежерни изданија и можете да ги носите буквално со се’ – од обични бели маици до џемпери, патики и високи потпетици. Најпознатите модели од познатите комерцијални и дизајнерски брендови, како и неколку комбинации како да ги носите погледнете, во продолжение.
Премини на следната страна >>