Салатата е идеален оброк за сите што внимаваат на исхраната бидејќи зеленчукот што се користи за нивната подготовка содржи малку калории.
Она на што треба да се внимава се маслата и сосовите кои се додаваат, а кои можат да бидат прилично калорични. Според тоа, внимавајте при подготовката на вашата салата и избегнувајте ги непотребните маснотии (на пр. користете маслиново масло, наместо обично). Исто така, важно е да не додавате мрсни сирења и да внимавате на комбинациите на намирници, на пример да не додавате во исто време месо и тестенини, компир, лебни трошки и сл.
РАМСТЕК САЛАТА
Состојки:
– Јунешка плешка – 0.30 kg
– Свежа тиквичка – 30 g
– Црвена пиперка – 30 g
– Жолта пиперка – 30 g
– Шампињони – 30 g
– Мотовилац – 20 g
– Зелена салата – 50 g
– Црвен радич – 30 g
Зачини по желба: бибер, сол, маслиново масло, магданос, мајчина душица, балсамико
Подготовка:
Лиснатиот зеленчук се чисти, мие и се кине на прачиња. Тиквичките и пиперките се чистат и сечкаат на ленти. Шампиљоните се чистат, мијат и сечкаат. На маслиново масло се пропржува рамстекот (парче месо од јунешка плешка без коска) и се сече на ленти. На истото маслиново масло се пропржуваат и шампињоните, се додаваат пиперките, а потоа и тиквичките. Се зачинува со бибер, сол и балсамико. Пропржениот зеленчук и парчињата месо се сервираат врз искинатите листови салата, се прелива со маслиново масло и се украсува со свежи билки.
Премини на следната страна >>