Диети

Е тоа се бара: храна што заситува, а не гои!

Реклама
Реклама

Овие намирници ќе ви ги обезбедат потребните витамини и протеини, без да треба да се грижите за холестеролот и мастите… Јадете ги редовно и набргу ќе забележите позитивни промени и во тоа како изгледате и како се чувствувате.

Овие намирници ќе ви ги обезбедат потребните витамини и протеини, без да треба да се грижите за холестеролот и мастите. Јадете ги редовно и набргу ќе забележите позитивни промени и во тоа како изгледате и како се чувствувате.

Маркетинг

Јаболка

Се препорачува секој ден да изедете барем по едно јаболко, меѓу другото овошје и зеленчук, бидејќи јаболкото е одлично за здравјето. Јаболката се полни со влакна кои ви даваат чувство на ситост така ѓто ќе ви помогне да се воздржите од благо и грицки.

Маркетинг

Млечни производи

Без разлика за кој млечен производ ќе се определите – сирење, павлака, млеко, јогурт и сл., млечните производи овозможуваат внесување на калциум и протеини во организмот. Тие се идеални за ужина бидејќи заситуваат, но сепак определете се за варијантите со пониска масленост. Можете да ги консумирате сами или како додаток на јадењата.

Компир

Компирот е одличен извор на јаглехидрати, витамин Б и Ц и железо, така што брзо ќе ве засити и ќе ве снабди со неопходните витамини и минерали. Самиот компир не содржи многу калории, но важно е како се подготвува. Избегнувајте пржени компири или печени со многу масло. Најдобро е да јадете варени компири или печени со малку или без масло, и без додавање на калорични сосови и преливи.

Риба

Туната и скушата брзо ќе ве заситат и ќе ја намалат желбата за храна. Богати се со здрави масти кои заситуваат, а содржат важни хранливи состојки како витамини и омега 3 масни киселини. Овие риби го намалуваат лошиот холестерол а го зголемуваат добриот и на тој начин штитат од срцеви заболувања. Содржат големо количество протеини кои се варат подолго време, така што и подолго ќе се чувствувате сити.

Легуминози

Легуминозите се многу здрави и можат да се подготвуваат на најразлични начини. Содржат голема количина на влакна кои заситуваат и помагаат да се намали холестеролот, а исто така содрќат и антиоксиданти, витамини и минерали, и претставуваат одличен извор на протеини. Гравот, леќата и боранијата треба што почесто да се наоѓаат на вашата трпеза.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Back to top button