„Тири“ значи сирење и оттаму доаѓа и името на оваа позната грчка пита.
Грците сакаат сирење, особено фета, и често прават пити со повеќе врсти на сирење. Во овој рецепт се користат две врсти на сирење, а питата е толку вкусна, што за миг ќе ја снема од чинијата! Се прави многу брзо и лесно, а претставува вистинско уживање за целото семејство.
Состојки: 5 јајца, 2oo g брашно, 4oo g фета сирење, 200 g трапист, 1 чаша кисела павлака со 20% mm, 1oo ml масло, 1 прашок за пециво.
Подготовка:
Изматете ги јајцата во соодветен сад.
Додадете го фета сирењето издробено со вилушка, трапистот изрендан на крупно ренде, павлаката и маслото и се убаво измешајте со миксер. Измешајте ги брашното и прашокот за пециво па додадете ги во смесата со јајцата мешајќи со маталка. Сипете ја смесата во претходно подмачкана со масло тава бр. 30 и печете на 180C околу 45 минути.
Пријатен апетит!