Рецепти

Брзи и вкусни турски погачки со месо

Реклама
Реклама

Рецепт за брзи и вкусни турски погачки

Потребни состојки:

Маркетинг

Тесто: 500 g брашно, 1 ќесичка квасец, 300 ml топло млеко, 50 ml масло, сол.
Фил: 400 g мелено јунешко месо, 1 главица кромид, 2 пиперки, 1 домат, малку магданос, сол, бибер, зачини по желба, црвен пипер.

Подготовка:

Маркетинг

Додате го во брашното квасецот и малку сол и замесете средно меко тесто, додавајќи топло млеко и масло. Оставете го тестото да отстои околу 1 час. Исечкајте ги ситно кромидот и пиперките и пропржете ги на малку масло, а потоа додадете го меленото месо. Продинстајте го месото и додадете го ситно исечканиот и излупен домат, како и малку доматен сос, сол, бибер, зачини и црвен пипер. Пред крајот додадете го и ситно исечканиот магданос. Направете 8 топчиња од тестото. Посипете малку брашно на подлогата и потоа секое од топчињата развлечете го до големина на палачинка. На едната половина од тестото ставете 2 лажици од филот, оставајќи малку простор околу краевите на тестото.

Преклопете со другата половина од тестото и малку свиткајте ги краевите. Загрејте една поголема тава со малсо, наредете ги погачките и печете додека не поруменеат од двете страни.

Извор, фото: domaci-recepti.blogspot.com / kuhinja-i-ideje.blogsopt.com

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button