Фармерки за кои зборуваат сите!
Пред неколку сезони Ксенија беше инспирирана од фармерките со висок струк, кога и се роди моделот „demi cut“ направен со впечатлив крој кој симулира килоти панталони врз „skinny“ фармерки. На прв поглед едноставна идеја, но која за многу кратко време ќе ги освои модните инсајдери, а брендот „Ксенија Шнајдер“ кој дизајнерката го оформи заедно со графичкиот дизајнер Антон Шнајдер преку ноќ ќе стане интересен во светот на модата.
Ксенија Маршенко за американскиот Вог изјави дека креирањето парчиња од тексас воопшто не е лесна работа во Украина каде морала да купува фармерки Levi’s, Lee и Wrangler од продавници за стара облека и да ги користи нивните материјали за изработка на своите нови модели. Новата силуета ќе биде претставена во нивната колекција за пролет/лето 2016 на „Mercedes-Benz Kiev Fashion Days“, а необичниот дизајн веднаш ќе го најде своето место во плакарите на познатите украински модни блогерки. Но сигурни сме дека ваков впечатлив модел нема да остане само во рамките на украинските граници, туку многу брзо ќе го најде своето место и во плакарите на познатите светски модни блогерки и трендсетерки.
Премини на следната страна >>