Тиквичките се многу корисни за многу заболувања на дигестивните органи, кардиоваскуларните болести, високиот притисок и дебелината.
Тие содржат голема количина на влакна кои помагаат да се намали ресорпцијата на мастите така што се полезни за диети за покачен холестерол и триглицериди. Содржат калиум и магнезиум кои го намалуваат крвниот притисок. Притоа, содржат малку калории и затоа се препорачуваат и за диетите за слабеење. Многу познати лица како на пример Софија Лорен и Катрин Денев ја применуваат диетата со тиквички.
Ако се придржувате на оваа диета за една недела можете да изгубите 2-3 килограми, а ако издржите еден месец, тогаш ќе изгубите 4-6 килограми и видно ќе го подобрите изгледот и здравјето. Диетата ќе ви помогне да се ослободите од штетните материи, да го прочистите и освежите организмот.
Освен тиквичките главни намирници во диетата се и зелката и морковите, а попладне можете да изедете неколку краставици. Во салатите можете да додавате лажичка растително масло и сок од лимон. Диетата со тиквички вклучува и овошје, така што можете слободно да ги надополнувате своите оброци и ужини со јаболка, киви, мандарини, портокал или сливи.
За избалансирана исхрана на менито треба да имате и протеини и тоа во форма на телешко месо, немасно говедско месо, мисирка, пилешко и заечко месо. Месото може да се замени со риба, и тоа речна или езерска. Морската риба не е погодна за оваа диета. Од пијалоци дозволени се обичната вода, зелен чај без шеќер и свежи природни сокови (од јаболко, портокал и сл.).
Во текот на диетата со тиквички забрането е да се внесуваат пекарски производи, леб, колачиња и торти, кафе и алкохол. Најдобро е да користите тиквички со темно зелена кора, која не треба да се лупи бидејќи на тој начин отстранувате 80% од хранливите материи.
Премини на следната страна >>