Што јаде Ким Кардашијан, а што Кендал и Кајли Џенер?
Еве како изгледа менито на познатите сестри
Клои Кардашијан неодамна објави текст на нејзината интернет страна во кој ни откри што јадат популарните сестри. Таа објаснува дека сите имаат различни афинитети кога е храната во прашање, па за нив преставува вистински предизвик кога треба да одат заедно во ресторан бидејќи не е е лесно да го изберат оној што ги задоволува сите нивни желби. Ким Кардашијан има најстрог режим бидејќи откако се породи со второто дете сака што побрзо да ја среди својата линија. Нејзината сестра истакнува дека не би можеле да издржи ниту еден ден на нејзината диета базирана на Аткинсовиот план за исхрана. Ким од својата исхрана ги има исфрлено сите шеќери и јаглехидрати, а во текот на денот јаде само месо и млечни производи.
За разлика од неа, Кендал Џенер има одличен метаболизам и може да ги јаде и забранетите работи и тоа без преголема грижа на совеста. Познатиот ИT модел обожава хамбурегери и пица и често можете да ја сретнете во рестораните за брза храна.
Од друга страна пак, Кајли Џенер е типична тинејџерка кога е храната во прашање и единственото што внимава е да се храни со здрава и свежа органска храна.
Но кога станува збор за диети и ригорозниот режим на исхрана, најмногу има направено Кортни Кардашијан која јаде само органска и безглутенска храна и потполно ги избегнува млечните производи. Ако и веруваме на нејзината сестра Клои, токму Кортни има најголема дисциплина кога е во прашање храната.