Сладолед диетата се заснова на внесување на околу 1250 калории дневно и ви овозможува да уживате во сладолед секој ден, постојано губејќи ја несаканата тежина.
Сепак, треба да внимавате на големината на порциите. На жените им е дозволена една порција сладолед, а на мажите една и пол. Најдобро е да избирате сладолед кој содржи помалку калории, на пример 125 или помалку по порција. Бројот на калории што го содржи сладоледот обично е наведен на пакувањето. Ќе се изненадите колку варираат калориите во различните сладоледи и колку може да биде калоричен еден сладолед. Затоа внимателно! Секако, најубаво е сами да си направите сладолед, и тоа по можност овошен, кој ќе содржи помалку калории.
Сами определувате што и колку ќе јадете водејќи сметка дневниот внес на калории да не надминува 1250 калории.
Пример за мени
Појадок: шолја житни снегулки, шолја боровинки и една шолја немасно млеко, лажичка мед
Ручек: сендвич од две парчиња интегрален леб, лист зелена салата и 75 грама туна. Може да додадете и домат исечен на кругови и малку босилек.
Ужина: Шолја немасно млеко и едно парче овошје.
Вечера: Едно големо парче пица со кашкавал и мешана салата.
Десерт: порција сладолед.
Премини на следната страна >>