Понекогаш линијата помеѓу супер кул комбинација со металик парчиња и изглед на подвижен лампион е прилично тенка!
Меѓутоа, земајќи предвид дека дизајнерските колекции за оваа сезона се преполни со металик парчиња (особено со плисирани здолништа кои најчесто се со средна должина) мораме веднаш да ја разрешиме дилемата како е најдобро да ги носиме и да изгледаме шик во нив. Овие здолништа веќе неколку сезони се на самиот врв меѓу трендовите, а нивната популарност им ја обезбедија познатите дизајнерски брендови кои на модните писти ги претставија во поприлично екстравагантни изданија. „Gucci“ ни ги претстави нивните прекрасни модели во црвени, сини и виолетови нијанси, „Christopher Kane“ ја избра зелената, додека „Philil Lim“ не воодушеви сите со нивните металик здолништа во кралска сина боја.
Gucci
Новите пред есенски колекции ни преставија малу посмирени варијанти на овој тренд, па така во продажба можете да сретнете модели во метали златни и сребрени нијанси, а познатата италијанска модна куќа „Gucci“ претстави неколку од своите плисирани сукњи во боја на благородните метали. Овој тренд повторно со две раце беше прифатен од водечките трендсетерки кои ни покажаа како тие го стилизираат ова парче.
Оваа сезона металик здолништата можете да ги носите како во вечерни така и во дневни пригоди, особено ако ги носите со патики, маица и бомбер јакна. Доколку сакате да изгледате женствено комбинирајте со високи потпетици без разлика дали станува збор за сандали или салонки, а за ексцентричен ИТ изглед вашето златно или сребрено здолниште комбинирајте го со тренди чизми до глужд и маица со дезен на некој познат рок бренд.
Но, како што веќе рековме најпопуларна комбинации за оваа сезона се секако оние со бели патики со кои гламурозниот изглед ќе го направите да изгледа „кежуал“ и секојдневно. Повеќе инспирација за тоа како да ги носите, но и некои од најубавите модели на овие здолништа побарајте во продолжение.
Премини на следната страна >>
Премини на следната страна >>
види повеќе » |